Челси ја забележа првата победа во Премиер лигата по месец август и тоа против Борнмут кој попладнево настрада на „Стемфорд Бриџ“.
Избраниците на Чаби Алонсо славеа со 5-1 во меч во кој во фокусот беа двајца играчи Хендерсон и Жоао Педро. Двајцата постигнаа по два гола, а за издвојување е мајсторијата на Џордан од слободен удар во 70 минута.
Хендерсон беше и асистент за погодокот на Роџерс, додека на другата страна стрелаше Еванилсон.
Астон Вила и Брентфорд одиграа возбудливо реми од 2-2, Ипсвич со пресврт го доби Фулам со 2-1, а одличниот Брајтон му зема мерка на Сандерленд на негов терен со головите на Де Кујпер и Хаџам.








