Амaл Клуни го привлече вниманието на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Albies 2026“ во Лондон, каде што се појави во придружба на својот сопруг Џорџ Клуни. Познатата адвокатка избрала гламурозен златен фустан од модната куќа „Gucci“, додека холивудскиот актер се одлучил за елегантен црн смокинг.
Амaл носела долг фустан со спуштени раменици, украсен со златни светки по горниот дел и слоеви реси со мониста што се спуштале по креацијата. Елегантниот изглед го надополнила со впечатливи обетки, чанта украсена со скапоцени камења и златни чевли со шпицест врв.
Нејзиниот сопруг Џорџ остана верен на класичниот стил, појавувајќи се во црн смокинг.

На овогодишното доделување се собраа бројни познати имиња од светот на филмот, модата и јавниот живот. Меѓу присутните беа Бред Пит, кој пристигна со својата партнерка Инес де Рамон, Емили Ратајковски, Џош Хартнет, Донатела Версаче, Ана Винтур, Бјанка Џегер и Лора Дерн.
Наградите „Albies“ ги основаа Амал и Џорџ Клуни за да им оддадат признание на поединци и организации кои ширум светот се борат за правда и човекови права. Овогодишната церемонија се одржа во Природонаучниот музеј во Лондон.

Меѓу добитниците на признанијата беа киргистанските новинари Болот Темиров и Махабат Тажиб Кизи, малависката активистка за правата на девојчињата Ванеса Мвангала, американската фоторепортерка Линзи Адарио, конгоанската организација „Justice Plus“, како и Бред Смит, потпретседател и претседател на компанијата „Microsoft“, кој исто така се залага за човековите права.
За овогодишното доделување, „Charlotte Tilbury“ повторно беше спонзор на настанот, додека „Gucci“ за првпат ја презеде улогата на моден партнер.
Амал Клуни во последните недели сè почесто избира модни комбинации со впечатливи реси. Минатиот месец се појави во краток фустан во стилот на дваесеттите години од минатиот век, со потпис на „Caroline's Couture“, а потоа и во подолга бела креација во сличен стил.

На минатогодишното доделување на наградите „Albies“, кога моден партнер беше куќата „Versace“, Амал носеше кафеав драпиран фустан, дизајниран од тогашниот креативен директор на брендот, Дарио Витале.
Брачните сопружници Клуни неодамна престојуваа и во Венеција, каде што присуствуваа на филмскиот фестивал. По тој повод, Џорџ доби признание за животно дело.














