Џем од јаболка со вкус на карамела што не смеете да го пропуштите: Необична слатка зимница што освојува уште со првиот залак

Точка

09/10/2026

21:05

249

Големина на фонт

а а а

Ако оваа година сте решиле да направите нешто малку поинакво од класичните џемови, претворете ги било кои јаболка во ароматична слатка зимница со вкус на карамела.

Брзо и лесно ќе добиете фантастичен намаз, кој е одличен со леб, но и за полнење кифлички и лиснато тесто, како и за подготовка на колачи...

Состојки:

• 2 кг. јаболка
• 400 гр. шеќер
• 2 × 125 мл. вода
• 2 × 15 мл. сок од лимон
• 1 ќесичка ванила
• половина лажичка сол
• 50 мл. рум или 2 кесички ванилин шеќер со вкус на рум


Подготовка:

Најпрво измијте ги јаболката и пресечете ги на половина. Доколку имате преса или цедалка за пасирање храна, можете да ги варите и со кората и семките, бидејќи подоцна ќе ги отстраните со цедење. Ако го немате овој прибор, излупете ги јаболката, исчистете ги и исечете ги на коцки.

Ставете ги подготвените јаболка во тенџере, а потоа додајте 15 мл. сок од лимон и 125 мл. вода. Поклопете и варете околу 20 минути, односно додека овошјето целосно не омекне.

Потоа испасирајте ги омекнатите јаболка низ цедалка или иситнете ги во мултипрактик додека не добиете изедначено пире. Оставете ги настрана додека го подготвувате карамелот.

Во широко тенџере со дебело дно сипете 300 гр. шеќер и распоредете го така што ќе формира рамномерен слој. Додајте 125 мл. вода и преостанатите 15 мл. сок од лимон, а потоа загревајте на умерена температура.

Кога шеќерот ќе добие убава златнокафеава боја на карамел, тргнете го тенџерето од ринглата. Внимателно додајте го пирето од јаболка, бидејќи смесата може да прска, и мешајте додека карамелот целосно не се стопи и не се соедини со јаболката.

Додајте ги преостанатите 100 гр. шеќер, ванилата и половина лажичка сол, а потоа и 50 мл. рум или 2 кесички ванилин шеќер со вкус на рум. Варете уште 10 до 15 минути со постојано мешање.

Џемот е готов кога ќе поминете со дрвената лажица по дното на тенџерето, а зад неа ќе остане јасна, чиста линија. Префрлете го врелиот џем во чисти и стерилизирани теглички, затворете ги и оставете ги да се изладат.