Почина Горан Баре, хрватски музичар и фронтмен на групата „Majke“

Точка

09/10/2026

20:55

767

Големина на фонт

а а а

Хрватскиот музичар и фронтмен на групата „Majke“, Горан Баре, почина на 61-годишна возраст, пренесува „Večernji list“.

Веста за смртта на Баре за „Večernji list“ ја потврдиле Марио Рашиќ и Ален Тибљаш. Членовите на бендот го пронашле денеска околу 13 часот како безживотно лежи во својот стан.


Да потсетиме, пејачот неодамна беше изнесен од сцената за време на настапот во Макарска, пред да ја запее и првата песна. Тогаш од групата „Majke“ најавија дека ќе направат двумесечна пауза за Горан да се посвети на закрепнувањето.

Горан Баре беше хрватски музичар, текстописец и фронтмен на култниот рок-состав „Majke“, препознатлив по својот суров вокал и експресивните текстови.


Музичката кариера ја започнал во текот на осумдесеттите години, а во 1984 година ја основал групата „Majke“, со која во 1990 година го објави влијателниот деби-албум „Razum i bezumlje“. Иако работата на бендот набргу била прекината по трагичната смрт на членовите во сообраќајна несреќа, Баре во 1993 година собрал нов состав.


Потоа следуваше златната ера на бендот, со антологиските албуми „Razdor“ (1993) и „Vrijeme je da se krene“ (1996), кои донесоа хитови како „Budi ponosan“ и „Mene ne zanima“.

По распаѓањето на бендот во 2000 година, го започна проектот „Goran Bare & Plaćenici“ и се сврте кон помирен, кантавторски звук. Повторно се обедини со групата „Majke“ во 2007 година, а во 2011 година го објави албумот „Teške boje“, чија насловна песна стана огромен хит.