Актерот од филмот „Вресок“ пронајден мртов во бањата: Ќерката се огласи со потресна порака

Точка

09/10/2026

09:23

891

Големина на фонт

а а а

Познатиот актер Кертис Вејд Морган (C.W. Morgan), кој на публиката ѝ е најпознат по улогата на Хенк Лумис, таткото на Били Лумис во култниот хорор-филм „Вресок“ од 1996 година, починал на 72-годишна возраст.

Морган беше дел од актерската екипа и на третиот дел од популарниот филмски серијал, „Вресок 3“, чија премиера се одржа во 2000 година.

Починал во бањата, околностите за смртта сè уште не се разјаснети

Според документацијата на судскиот вештак до која дошол ТМЗ, актерот починал на 30 август во округот Лос Анџелес. Причината и околностите за неговата смрт засега не се официјално разјаснети, но документите укажуваат дека бил пронајден во бањата.


Веста за неговата смрт ѝ беше соопштена на јавноста дури околу месец и половина подоцна.

Портпарол на полициската управа во Лос Анџелес потврдил за ТМЗ дека полицајците излегле на терен по пријава за смртен случај. Според првичните информации, сè укажува на тоа дека смртта настапила од природни причини.

Од противпожарната служба во Лос Анџелес соопштиле дека примиле повик за возрасен маж кој бил без свест. Морган, сепак, не бил пренесен во болница, туку случајот бил предаден во надлежност на судскиот вештак.


Ќерката се прости од татка си со потресни зборови

По неговата смрт, ќерката на Морган се огласи на социјалните мрежи и објави емотивна порака посветена на својот татко.

„Твојата загуба остави огромна празнина во моето срце. Веќе бескрајно ми недостигаш. Ќе продолжам со нашите возења по Малхоланд Драјв и посетите на Старбакс. Благодарна сум и среќна што токму ти беше мојот татко. Мојот ’Гак‘. Почивај во мир, мил мој“, напиша таа.


„Животот никогаш повеќе нема да биде ист без тебе и твоите шеги во најнезгодните моменти, кои ги наследив од тебе“, додаде неговата ќерка, емотивно простувајќи се од својот татко.

Морган ќе остане запаметен по улогата на Хенк Лумис во првиот дел од „Вресок“, филм кој стана еден од најпознатите хорори од деведесеттите години, како и по неговото појавување во третиот дел од филмскиот серијал.