[ФОТО/ВИДЕО] Несекојдневно модно издание на Дуа Липа во Њујорк: Твид, пердуви и впечатлива шапка

Кармин

30/10/2026

16:01

256

Големина на фонт

а а а

Поп-ѕвездата Дуа Липа се појавила во четвртокот вечерта на доделувањето на наградите „WSJ. Magazine Innovator Awards“ во Музејот на модерна уметност (МоМА) во Њујорк, облечена во комплет од твид со црни пердуви и впечатлива шапка.

Пејачката за оваа пригода избрала комплет од колекцијата висока мода на „Шанел“ за есен/зима 2026 година, пишува „theFashionSpot“. Комплетот се состои од сако и тесно здолниште до колена, изработени од твид со изразена текстура.


Како што наведува овој моден портал, светлата, бледожолта основа на ткаенината создава илузија на гола кожа. Врз неа, со сиви нишки и нишки во боја на слонова коска, се исткаени растителни мотиви, а ткаенината е украсена и со реси и ситна монистра.


Сакото има нагласени рамена, кружен изрез и долги, прави ракави, а се закопчува со низа украсни тркалезни копчиња. Изрезот и ракавите се обрабени со густи црни пердуви, додека и сакото и здолништето на рабовите имаат реси од монистра.


На левата страна од сакото имало брош во форма на безопасна игла, украсен со имитација на бисери и метални синџирчиња.


Изгледот на Дуа Липа го осмислил нејзиниот долгогодишен стилист Лоренцо Посоко. Комбинацијата ја надополнила со црни сатенски салонки со шпицест врв, алка за глуждот украсена со монистра и шапка со широк обод, изработена од црна слама и пердуви.

Шминката била во топли тонови: руменило во боја на теракота, бронзена сенка за очи, темно моливче и кармин во „нуд“ нијанса.


Доделување на наградите во „МоМА“

Доделувањето на наградите на магазинот „Волстрит журнал“ се одржа на 29 октомври, по шеснаесетти пат. Оваа година награди добиле седум личности, а во музичката категорија била наградена шпанската пејачка Розалија, пренесе „Cover Media“.


Меѓу гостите биле и Лупита Нионго, Кара Делевињ, Ејсап Роки, Кристијан Лубутен и Гејл Кинг.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk