Беше ѕвезда на „Чувари на плажата“, а сега има профил на „Онлифенс“: Актерката во шестата деценија заработува огромни суми преку платформата за возрасни

Кармин

27/10/2026

16:36

1.054

Големина на фонт

а а а

Ерика Еленијак „крена голема прашина“ на платформата „Онлифенс“, бидејќи поранешната ѕвезда на серијата „Чувари на плажата“ заработила речиси 300.000 долари за само три месеци, што значи дека е на пат во текот на првата година да оствари приход од дури еден милион долари.

Извори блиски до актерката наведуваат дека бизнисот ѝ цвета, а нејзината заработка покажува дека веќе сега остварува значително поголеми приходи од 10.000 долари неделно, колку што заработувала непосредно по отворањето на профилот во август.


Содржини за претплатниците

Како што претходно објави „ТМЗ“, летово се појави веста дека Ерика на 56-годишна возраст се приклучила на оваа платформа, ветувајќи им на обожавателите дека ќе ја покаже својата поинтимна и поразиграна страна, преку фотографии, видеоснимки, содржини од плажа и бројни кадри на кои е боса.


Парите почнале да пристигнуваат со голема брзина, па веќе кон крајот на истиот месец било забележано дека заработува околу 10.000 долари неделно, со повеќе од 1.100 претплатници.

Холивудските ветерани на дигиталните платформи

Ерика се прославила со улогата на спасувачката на плажа Шони Меклејн во серијата „Чувари на плажата“, во периодот од 1989 до 1992 година, но јасно ставила до знаење дека нејзините следбеници на „Онлифенс“ ќе видат сосема поинакво издание од она по кое ја паметат, облечена во култниот црвен костим за капење.

Инаку таа не е единствената холивудска ветеранка која ја користи својата популарност за да заработува на оваа платформа, бидејќи профили отвориле и 85-годишната ѕвезда на серијата „Knots Landing“, Дона Милс, како и актерката Џејми Присли.


Иако Ерика сè уште не ги достигнала најголемите ѕвезди на оваа платформа, како што е Софи Рејн, поранешната спасувачка на плажа несомнено предизвикува огромно внимание.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk