Ова не е загревање за Нова година. Ова е новогодишната ноќ - само ден порано, за цела Македонија!
На 30 декември, Young Dadi ја презема Т Арена со спектакуларно live шоу!
За првпат, Young Dadi пред публиката ќе настапи со бенд во живо, во целосно продукциски и визуелно збогатен мултимедијален спектакл кој ќе ги спои неговите најголеми хитови, специјални гости и нова креативна визија.
По година исполнета со големи концерти и спектакли, Avalon International Booking ја заокружува 2026 година со концерт кој ќе биде своевиден дочек на Новата година - само еден ден порано, во голема прослава на пријателството, заедништвото и македонската музика!
Под името YOUNG DADI & OLD F***ING FRIENDS*, на сцената ќе му се придружат и оние кои биле дел од неговото музичко патување уште од самиот почеток, пријатели, соработници и артисти од Македонија и регионот кои низ годините оставиле свој печат во неговата кариера.

Со својата автентичност, препознатлив стил и многубројни хитови, Young Dadi се наметна како едно од најпрепознатливите нови имиња на македонската музичка сцена. „Лидија“, „Сара“, „Син на мама“, „Bestie“, „5 до 2“ и останатите песни кои ја одбележаа неговата досегашна кариера, за првпат ќе добијат големо концертно издание во живо, со бенд, на сцената на Т Арена на 30 декември!
🎟️ Влезниците се веќе во продажба на: avalonbooking.mk и karti.com.mk!
ℹ️ Важно за сите кои имаат веќе купено влезници за стариот датум:
• Сите оние кои имаат купено влезници за седење во СЦ „Јане Сандански“ ќе добијат нови влезници за Т арена на својата e-mail адреса.
• На сите оние кои имаат купено влезници за партер или фан пит, постоечките влезници ќе им важат и за новиот датум.
• Сите оние кои не можат да присуствуваат на новиот датум можат да побараат рефундација на info@avalonbooking.mk или info@karti.com.mk.












