Жезус ја префрли топката кај Роналдо: Тој одлучува како ќе заврши!

Дерби

05/10/2026

11:57

191

Големина на фонт

а а а

Португалија го воведниот циклус во новата сезона во Лигата на нации со перфектни „четири од четири“, но наместо да се зборува за одличната игра и добриот фудбал, јавноста во оваа земја е преокупирана со „случајот Кристијано“.

Роналдо го напушти репрезентативниот камп пред натпреварот со Данска во Копенхаген и јасно стави до знаење дека е лут на селекторот Жорж Жезус, а откако овој најави дека ќе говори повеќе на оваа тема по средбата со Норвешка на „Драгао“, искусниот стручњак си го исполни ветувањето.

Нарушениот однос беше последица на неисполнетото ветување кое му го даде Жезус на Роналдо за првиот натпревар со Норвешка, а откако капитенот остана незадоволен од тоа што не доби минутажа, два дена подоцна го напушти репрезентативниот камп.

Овој инцидент предизвика голем потрес во португалскиот фудбал и мораше да се вмеша и претседателот на Федерацијата, но Жезус вели дека кога е дојдено до оваа точка, човек кој треба да се прашува е само Роналдо.

И покрај непријатностите, Жезус му ја отвора вратата на Роналдо за враќање во националниот тим, па на новинарите јасно им порача дека од самиот капитен ќе зависи дали тој ќе биде дел од репрезентацијата, или ќе заврши на неславен начин.

– Не знам што ќе се случи, но сите варијанти се отворени. Роналдо треба да одлучи што ќе му биде приоритет во животот пред следната листа која треба да ја соопштам. Ако сака да игра и ако сака да биде дел од националниот тим, може да се врати кога ќе посака.

– Не гледам причина да не биде така. Стануваше збор за недоразбирање, ако се прашувам јас, ова лесно ќе биде решено. Ако се прашувам јас, ова брзо ќе се заврши, но не се прашувам само јас. Ако е само до мене, тој ќе биде повикан во следниот репрезентативен список, Роналдо е симбол за цела генерација, особено за децата. Проблемот го направија луѓе кои непотребно се вмешаа, а за мене лично, не постоеше никаков проблем.

– Сакам да остане дел од националниот тим, но само тој знае како ќе заврши ова. Би сакал да заврши онака како што тој посакува во репрезентацијата, тој одлучува за својот крај. Уште при првата средба му реков дека ми е потребен, тоа го мислам и сега. Тој е потребен за Португалија, без оглед дали е на теренот, или не, – изјави Жезус.