Реал Мадрид нема добар почеток на сезоната во шпанската Примера или поточно кажано не држи чекор со импресивната Барселона која по седум одиграни кола е перфектна со 21 освоен бод.
„Кралевите“ веќе доживеаа два порази (Бетис и Атлетико Мадрид), а две од нивните пет победи дојдоа со голови во 90+ минута (против Еспањол и Елче) што доволно говори дека екипата не е на посакуваното ниво, односно има простор за подобрување особено ако се земе предвид играчкиот кадар кој Жозе Мурињо го има на располагање.
Едно од имињата кое пристигна во летниот преоден рок беше Марк Кукурелја, дефанзивец кој исто не блеска на клупска план за разлика од репрезентацијата каде секогаш има огромен придонес.
-Сето тоа е процес. Со националниот тим, темелите се поставени во текот на многу години – и со тренерот. Во Мадрид, штотуку започнавме со нов менаџер и е прерано да се зборува. Некои играчи имаа само еднонеделна предсезона пред да започнат.
-Почетокот на сезоната не беше онаков каков што сите се надевавме, но тоа е процес и ќе видиме каде ќе бидеме на крајот од кампањата, -порача Марк за кого беа издвоени 55 милиони евра.








