[ВИДЕО] Гол за најавните шпици: Импресивниот ирски напаѓач ја воодушеви фудбалска Европа со соло-бравурата во Даблин

Дерби

02/10/2026

07:07

845

Големина на фонт

а а а

Трој Парот е убедливо најдобар ирски фудбалер веќе некое време, а тоа го потврдува од меч во меч со постигнати голови, но и со максимална посветеност која го прави омилен во цела спортска јавност во својата земја.

Напаѓачот на Бетис вечерва го продолжи своето гол-шоу за репрезентацијата и на мечот со Австрија во Лигата на нации, па иако неговиот блесок не беше доволен за победа, погодокот со кој го отвори мечот стана вирален хит.

Парот постигна маестрален гол и со соло-акцијата во која продаде два извонредни дриблинзи доби специјално внимание во спортската јавност, а Ирците можат само да жалат што ова ремек-дело не беше наградено со победа.

По мајсторијата, Парот постигна и втор гол од пенал за предност од 2:0, но Австријците не се откажаа и со два гола во вториот дел се изборија за реми.

Во истата група од Б дивизијата во Лигата на нации, Израел и Косово ремизираа во здодевен меч со резултат 0:0.