Атанасов и Миовски пред Шкотска: Колективната игра ќе ни донесе резултат

Дерби

02/10/2026

13:30

222

Големина на фонт

а а а

Јани Атанасов и Бојан Миовски денеска беа дел од прес-конференцијата на македонската фудбалска репрезентација, со која е најавен утрешниот дуел од Лигата на нации против Шкотска.

По поразите од Швајцарија и Словенија, сега доаѓа третиот противник, селекцијата на Шкотска која во Скопје пристигнува со еден освоен бод од претходните средби.

Нашите репрезентативци се свесни дека досегашните настапи не ги донесоа посакуваните резултати, но побараа поддршка од фановите и истакнаа дека само квалитетна колективна игра може да донесе поволен епилог на соочувањето со Шкотска.

– Секој период во репрезентацијата носи свои предизвици. Сега сме во момент кога треба да покажеме заедништво. Немавме резултати какви што очекувавме, но сега треба да покажеме дека сме тим. Можеме многу да зборуваме, но сe треба да покажеме на терен.

– Шкотска е одлична репрезентација, имаат квалитетни играчи и знаеме каде настапуваат. Ние играме дома и мора да покажеме квалитет. Не можеме да се потпреме на индивидуален квалитет. Ако бидеме колектив, ќе се вратат и резултатите, порача Миовски.

– Секако дека има незадоволство по два порази, но откако сум дел од националниот тим не се сеќавам да било лошо и некој од играчите да не се залагал. Атмосферата меѓу нас е одлична и се надеваме на позитивен резултат. Нашата сила е колективот“, истакна Атанасов.

Натпреварот Македонија-Шкотска се игра утре од 20:45 часот.