Жезус за најактуелната португалска тема: Заминувањето на Роналдо не ја подели репрезентацијата

Дерби

02/10/2026

11:46

262

Големина на фонт

а а а

Португалија вчера ја победи Данска на гостински терен, остварувајќи важна нова победа во својата група во Лигата на нации.

Ова беше прв натпревар по конфликтот на селекторот Жорге Жезус со Кристијано Роналдо, а досегашните соиграчи на најголемата португалска ѕвезда не дозволија да се почувствува некаков проблем во националниот тим.

Селекторот Жезус по натпреварот истакнал дека потегот на Роналдо не довел до некаква поделба во соблекувалната.

– Не постои ништо што би требало да го спречи тимот да ми даде поддршка.

– Работите кои се случуваат не ја поделија и нема да ја поделат екипата во иднина.

– Не сакам да зборувам за Роналдо, сакам да кажам дека постигнавме четири гола и остваривме важна победа. Тоа е поважно од се друго што се случуваше овде во Данска и планирам да се фокусирам на тоа, – рекол Жезус.