Пол Мерсон има свој став во однос на ситуацијата со Манчестер Сити и потенцијалната ригорозна казна која треба да ја добие премиерлигашот поради потврденит финансиски малверзации.
Во последното медиумско појавување, поранешниот англиски репрезентативец истакнал дека една казна е најважна, а тоа е одземањето на трофеите на Сити од спорниот период.
За Мерсон тоа е прв и основен чекор, но истовремено според него би било грешка тие трофеи да се доделат на други клубови.
– Прво и основно, треба да им се одземат трофеите.
– И тоа не поради нас, туку поради децата на нашите деца кои по 60-70 години, кои ако видат дека Сити доминирал одреден период, нема да знаат дека во позадина правеле многу малверзации.
– Но, истовремено не велам дека трофеите треба да им се дадат на оние кои завршиле втори и слично. Мислам дека тоа би било нова и голема грешка, – рекол Мерсон.








