[ФОТО/ВИДЕО] Актерот (72) половина од својот живот бил дебел, а сега е непрепознатлив со 91 кг помалку: Го покажа новиот изглед, а 17 години помладата сопруга не го испушта од раце

Точка

30/09/2026

19:11

585

Големина на фонт

а а а

Холивудската легенда Џон Гудман (74) повторно успеа да ја остави јавноста без зборови, но овојпат со сосема нов повод и свежи детали од црвениот килим.

Актерот во понеделникот вечерта се појавил во Лос Анџелес на свечената премиера на својот нов филм „Digger“ (Копач), каде официјално ги покажал резултатите од неверојатната трансформација и слабеењето од дури 91 килограм.


Гудман на премиерата пристигнал рака под рака со својата сопруга Ана Бет (57), со која е во брак од 1989 година, а парот разменувал нежности пред фоторепортерите.

Славниот актер блеснал во тегет костум со кошула на риги и вратоврска, додека неговата сопруга се појавила во елегантен бордо фустан.


Нова улога: Го глуми претседателот на САД рамо до рамо со Том Круз

Она што претставува целосна новост за сите љубители на филмот е улогата на Гудман во остварувањето „Digger“, мрачна сатирична комедија/драма зад која стои славниот оскаровец Алехандро Гонзалес Ињариту, режисерот на филмовите „Birdman“, „The Revenant“ и „Babel“.

Во овој филм главната улога ја толкува Том Круз, кој го игра ексцентричниот и богат нафтен магнат Дигер Роквел. Од друга страна, Џон Гудман го толкува претседателот на САД, претседателот Компсон, кој делува како политичка противтежа на ликот на Круз.

Од 181 килограм до непрепознатлив изглед

Актерот денес изгледа целосно непрепознатливо во споредба со периодот на неговата најголема слава, кога ја освои публиката со улогата на Ден Конер во култната серија „Roseanne“. Гудман открил дека во периодот кога бил најтежок имал дури 181 килограм, а неговата крупна фигура често била предмет на шеги во сценаријата.


Неговиот процес на слабеење започнал кога во 2007 година заминал на рехабилитација и ставил крај на тридецениската борба со алкохолизмот:

„Тоа беа 30 години болест која оставаше последици врз сите околу мене. Дојде до точка кога стануваше сè потешко и потешко, беше прашање на живот или смрт. Време беше да запрам“, изјавил тој.


Рецепт за драстичната промена: Медитеранска исхрана и 12.000 чекори дневно

Откако ги исфрлил алкохолот и шеќерот, Гудман почнал да тренира шест дена во неделата со Маки Шилстон, поранешен тренер на тенисерката Серена Вилијамс. Тренерот го ставил на медитерански режим на исхрана и контрола на порциите, со задолжителни 10.000 до 12.000 чекори дневно на лента за трчање и елиптичен тренажер.


Џон успешно ја задржал новата фигура и ја избегнал опасноста повторно да ги врати килограмите. Покрај филмот „Digger“, славниот актер наскоро го очекуваат и нови проекти, меѓу кои филмот „The Hollywood Hitman“ и хоророт „Skeletons“, во кој глуми со Бри Ларсон.