Вака изгледа свадба од 10 милиони долари: Поранешната соработничка на Трамп се омажи за 13 години помладиот турски милијардер, пораскошна прослава не сте виделе

Точка

30/09/2026

10:22

1.007

Големина на фонт

а а а

Три венчаници, речиси милион цвеќиња и познати имиња меѓу гостите – Алина Хаба и Турхан Милдон приредија раскошна прослава во Њујорк.

Поранешната соработничка на Доналд Трамп, Алина Хаба (42), се омажи за турскиот милијардер Турхан Милдон (29), а нивната раскошна свадба во Њујорк привлече огромно внимание од јавноста. Прославата, според пишувањата на американските медиуми, чинела околу 10 милиони долари, додека просторот бил украсен со речиси 900.000 цвеќиња.


Алина и Турхан се венчале во луксузниот хотел „Волдорф Асторија“ во Њујорк, каде што собрале бројни гости од светот на политиката, бизнисот, спортот и забавата.

Милдон е извршен директор на турскиот индустриски конгломерат „Miler Holding“, додека Хаба на пошироката јавност ѝ е позната како поранешна правна советничка на Доналд Трамп и една од неговите блиски соработнички. Според пишувањата на „New York Post“, цената на свадбената прослава е проценета на околу 10 милиони долари.


Свадба украсена со 900.000 цвеќиња

Прославата се одржала во балската сала на четвртиот кат од хотелот, а просторот бил украсен со речиси 900.000 цвеќиња донесени од различни делови на светот.

Младенците ги размениле заветите пред голем аранжман од бели и розови рози, додека остатокот од салата бил исполнет со црвени цвеќиња. Особено внимание привлекувал огромниот цветен аранжман на таванот, од кој се спуштале светкави украси.


Во таков амбиент Алина и Турхан го одиграле својот прв танц. За таа пригода во Њујорк специјално допатувал пејач од Франција, кој ја извел песната „Hier Encore“.

Три венчаници во текот на една вечер

Невестата во текот на вечерта сменила дури три фустани. На почетокот на церемонијата се појавила во раскошна бела венчаница со чипкани детали и долг шлеп.


Подоцна се пресоблекла во долг светкав фустан со тенки прерамки, додека за поопуштениот дел од вечерта избрала краток бел фустан со корсет украсен со светки и цветни детали на здолништето.

Турхан носел класично црно одело, бела кошула и машна.


Познати имиња меѓу гостите

Со младенците речиси цела вечер биле и децата на Алина, Клои и Лук.

На свадбата присуствувале бројни познати гости, меѓу кои биле поранешниот боксерски шампион Мајк Тајсон, директорот на ФБИ Каш Пател, Тод Бланш, Марго Мартин и други луѓе од политичкиот и општествениот круг на Трамп. Посебно изненадување следувало на забавата по свадбата, кога настапил раперот Нели. Неговиот настап дополнително ја подигнал атмосферата и го претворил завршетокот на вечерта во вистински музички спектакл.


Се запознале на почетокот на годината

Алина Хаба и Турхан Милдон се запознале претходно оваа година на настан во Кенеди центарот, а нивната врска набргу станала јавна.

За Алина ова е трет брак. Од 2011 до 2019 година била во брак со адвокатот Метју Ајет, со кого има две деца. Потоа, од 2020 до почетокот на 2026 година, била во брак со бизнисменот Грег Рубен.