Ерлинд Халанд е еден од најдобрите напаѓачи на светот, голгетер кој ги матира противниците, ги тресе нивните мрежи без разлика дали се работи за клубови или репрезентации.
Тој има долгорочен договор со Манчестер Сити до 2034 година, но „граѓаните“ имаат свои проблеми особено сега кога стана официјално дека се виновни за прекршување на финансискиот фер плеј и дека можат да заработат огромна казна иако е јасно дека процесот ќе трае и дека премиерлигашот ќе ги искористи сите средства, можност да ја докаже својата невиност во случајот.
Ваквите ситуации отвораат шпекулации, гласини и секако со оглед на квалитетот на Халанд очекувано е да се говори и за неговата иднина, дали би го напуштил „Итихад“ и токму на оваа тема говореше некогашниот шпански репрезентативец Гаизка Мендиета.
-Иднината на Ерлинг Халанд е интересна. Да видиме како ќе се одвиваат работите во Манчестер Сити и дали жалбата ќе биде успешна. Но, играчи како Халанд сакаат да освојуваат трофеи. Се согласувам дека ако се пресели, што може да се случи, цената ќе биде огромна, сигурно не под сто милиони. Тоа е така како што е.
-Што се однесува до тоа каде го гледам, би можел да го замислам и во Реал Мадрид и во Барса. Сепак, чувствувам дека стилот на Барса би бил подобар за него, а можеби и подобар и за клубот. Начинот на кој ги прави тие трчања и неговата моќ во шеснаесетникот доста добро му одговара на стилот на Ханси Флик, -истакна Мендиета.








