[ВИДЕО] Гвардиол за Јамал: Дури и да има најлош ден…

Дерби

30/09/2026

10:50

282

Големина на фонт

а а а

Шпанија ја оправда улогата на фаворитот и обезбеди сигурна победа над Хрватска од 4-1 на соочувањето во Лигата на нации.

Шпанците се далеку подобар состав и репрезентација од Хрватите и сосема заслужено дојдоа до славје во Севилја каде во главна улога беше Ламин Јамал. Напаѓачот постигна два гола во 2 и 63 минута, а во првиот дел го намести и погодокот на дефанзивецот Пубиљ.

-Знаеме каков играч е Јамал. Треба да се удвои, што понекогаш го правевме. Ќе го искористи просторот кога ќе биде оставен сам. Дури и да го има најлошиот ден, од десет ситуации дефинитивно ќе те помине неколку пати, -истакна Јошко Гвардиол.

-Тежок натпревар, тежок пораз на крајот. Мораме да им честитаме, тие се квалитетен тим, квалитетни играчи. Тие се светски шампиони со причина. Знаевме што ги очекува. Не е лесно да се игра на гости против ваков тим. Покажавме премногу почит. Го примивме првиот гол по околу 30 секунди. Потоа се обидувате да се вратите во нормала неколку минути и на крајот – тежок пораз, -додаде Гвардиол кој го најави мечот со Англија.

-Тежок распоред. Треба да се регенерираме. Нема публика, ќе биде малку потешко. Најважно е да се подготвиме и сериозно да го сфатиме овој натпревар, -заклучи членот на Манчестер Сити.