Милан вложи огромна сума на пари за трансферот на Гонсало Рамош, играч за кого верува дека е „деветка“ која може да испорача голови во континуитет низ сезоната и годините, меѓутоа тоа не се случува на стартот на натпреварувачката 2026/2027.
Тој на вкупно шест натпревари (Серија А и Лига Европа) постигна еден погодок и тоа против Венеција што секако е скромен учинок за голгетер особено ако се земе предвид и дека нема вистинска конкуренција во Милан на таа позиција.
Некогашниот италијански репрезентативец, Емилијано Вивиано е еден од оние кои ја ценат работата на Рамош и тој верува дека ако Португалецот играл за Јувентус ќе имал најмалку пет погодоци зад неговото име.
-Пред некој ден го кажав овој пример приватно, но цврсто сум убеден во тоа: ако Гонсало Рамос ги одиграше овие шест натпревари со Јувентус, ќе имаше пет лигашки погодоци. Ви кажувам искрено.
-Треба да го подобриш поседот на топка. Ако успееш добро да ја држиш топката и да го поместиш тежиштето, Рамош има помала потреба да дојде и да ти помогне тука и работи повеќе во зоната каде што, според мене, е силен. Очигледно Коло Муани врши друга работа, но Рамош е силен во шеснаесетникот, го покажа тоа со Португалија, а и на Светското првенство. Тој работи многу, помага, а таа работа ви овозможува да имате важен прв пресинг и да потрудите, -порача Вивиано.








