Митровски: Поразот боли, примивме голови по наши грешки

Дерби

30/09/2026

10:44

170

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација го загуби и вториот натпревар во новото издание на Лигата на нации.

Овојпат го претрпевме првиот пораз на гостински терен и тоа против Словенија, селеккција која исто не блеска, има доста слабости, меѓутоа ги искористи нашите проблеми кои се поголеми овој момент и славеше во Љубљана со 2-0.

И на овој меч останавме бев гол, бевме за нијасна поконкретни во нападот за разлика од средбата со Швајцарија, но тоа не беше доволно да се вратиме со позитивен резултат од „Стожице“

-Поразот боли, без оглед на тоа каде играме и посебно за репрезентацијата, секогаш го даваме максимумот. Добро го почнавме натпреварот, во првите десет минути бевме во грч, потоа се обидовме да го вратиме дуелот. Примивме голови по наша грешка.Ја бараме таа победа, тој гол, се надевам дека по него ќе ни се отворат многу работи, -истакна Димитар Митровски кој беше стартер на вчерашниот натпревар.

Следниот предизвик за избраниците на Седлоски е селекцијата на Шкотска.