Дакота Џонсон за интимните сцени со Ен Хатавеј: „Тоа ќе ми пишува на надгробниот споменик“

Точка

29/09/2026

16:03

1.103

Големина на фонт

а а а

Актерката Дакота Џонсон отворено проговорила за снимањето на интимните сцени со Ен Хатавеј во новиот психолошки трилер „Верити“, признавајќи дека искуството било мошне напорно, но истовремено и „неверојатно пријатно“.

Филмот „Верити“, базиран на светскиот бестселер на Колин Хувер, кој освои милиони читатели ширум светот, на големото платно носи заводлива приказна во која границата меѓу фикцијата и реалноста сè повеќе се брише.


Со Ен Хатавеј, Дакота Џонсон и Џош Хартнет во главните улоги, овој психолошки трилер проткаен со силна романтична приказна премиерно ќе биде прикажан на 30 септември.

„Жешки лезбиски сцени! Го обожавам тоа!“

Приказната вклучува и интимни моменти меѓу Ловин и Верити, а во трејлерот веќе беше прикажан бакнеж меѓу Џонсон и Хатавеј.

Во интервју за магазинот „Out“, Џонсон проговорила за своите „жешки лезбиски сцени“ со Ен Хатавеј.


„Жешки лезбиски сцени! Го обожавам тоа! Тоа ќе ми пишува на надгробниот споменик“, се пошегувала Дакота и додала:

„Беше многу технички сложено, но истовремено и неверојатно пријатно. Неколку часа се бакнував со двајцата. Едната личност беше под мене, потоа се тргаше, а другата го заземаше нејзиното место. Сè беше многу технички – токму во тоа е уметноста“.


Своето искуство од снимањето го споделил и Џош Хартнет, кој истакнал дека актерите имале одлична хемија: „Имавме одлична хемија како пријатели на снимањето! Интимните сцени беа малку смешни кога камерите не снимаа“.

„Мора да ја задржите опуштената атмосфера и едноставно да продолжите понатаму. Хемијата во филмот е опиплива. Таа произлегува од меѓусебната почит и разбирање“, изјавил Хартнет.

Бакнежот настанал како импровизација

Режисерот Мајкл Шоувалтер претходно за „Варајети“ открил дека Ен Хатавеј и Дакота Џонсон ја импровизирале сцената со бакнежот што се појавува во трејлерот.

„Сè започна од тоа што ни беше потребно нешто секси“, се присетил тој.

„Во книгата таа гледа нејзина фотографија и разговара со Џереми за тоа колку прекрасна била. Тогаш доаѓа до интимна прегратка за која почувствував дека има потенцијал да добие сексуален набој“, раскажал Шоувалтер.

„Тоа е само прегратка, но меѓу две лица кои се наоѓаат во многу чудни околности и на кои очајно им е потребна таа прегратка. Интересно е што тоа ја возбудува Ловин. Таа го прегрнува во момент на неговата длабока тага, а тој момент потоа добива еротска димензија. Прашањето беше во која насока да ја насочиме таа енергија“, објаснил Шоуволтер.

Според неговите зборови, самата сцена со бакнежот настанала по предлог на двете актерки.

„Сè произлезе од предлогот на Ен и Дакота: ’Што ако тој, додека таа го бакнува, се претвори во Ен?‘ Им реков: ’Ако сакате да го направите тоа, може‘“, раскажал тој.


„Сметав дека има нешто многу секси и еротско во тоа Дакота да каже: ’Едноставно ќе ти седнам во скут и ќе почнам да те бакнувам‘. Таа го гледа Џереми и едноставно тргнува во акција, што делуваше како почеток на нешто провокативно. Го зеде она што го сакаше, а тој се согласи на тоа“, заклучил режисерот.