[ФОТО] Дакота Џонсон ги „украла“ погледите во проѕирен фустан – ѝ се гледале гаќичките

Кармин

25/09/2026

10:32

871

Големина на фонт

а а а

Дакота Џонсон во четвртокот се појавила на лондонската премиера на филмот „Verity“ во проѕирен тантелен фустан кој ја открил нејзината долна облека.

Актерката за црвениот килим одбрала беж фустан, со потпис на дизајнерката Колин Ален. Креацијата се одликува со длабоко деколте и крој без ракави. Под проѕирниот фустан, 36-годишната Џонсон носела контрастна црна долна облека од брендот „Fleur du Mal“.


Изгледот го надополнила со својата препознатлива рамна кафеава коса, црн маникир, како и златен ѓердан, нараквица и неколку прстени.


На премиерата позирала и со Џош Хартнет, со кого глуми во новиот психолошки трилер. Во филмот глуми и Ен Хатавеј. Хартнет за настанот избрал панталони со поширок крој и модерно скроено сако.



Проѕирните фустани станаа нејзин заштитен знак

Џонсон веќе е позната по изборот на проѕирни материјали за свечени настани. На премиерата на филмот „Madame Web“ во Лос Анџелес во 2024 година, таа носела мрежест фустан од „Гучи“, украсен со кристали, под кој носела долна облека во боја на кожа.


Во текот на септември 2025 година, двапати носела проѕирни креации. Најпрво, за вечерата на фондацијата Керинг, „Caring for Women“ избрала црн тантелен фустан со цветен вез, а потоа и впечатлив виолетов фустан од „Гучи“ на Филмскиот фестивал во Цирих.


На Меѓународниот филмски фестивал „Red Sea“ во декември 2025 година, таа носела валканобел тантелен фустан со длабоко деколте од брендот „Chloé“.


„Во нив се чувствувам убаво, па затоа и ги носам“

Кога во октомври 2025 година за германскиот „Вог“ ја прашале дали се грижи дека нејзините фустани се „премногу секси“, Џонсон одговорила дека тоа „едноставно не ја загрижува“.


„Имав можност да носам некои од најубавите фустани и во нив се чувствувам убаво, па затоа и ги носам“, изјавила таа за списанието.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk