Капитенот на португалската репрезентација Кристијано Роналдо на новиот собир на националниот тим истакна дека негова цел е до крајот на кариерата да го одбрани трофејот во Лигата на нации и да стигне до 1.000 голови во кариерата.
Роналдо беше вчудовиден од бројот на луѓе пред почетокот на Лигата на нации и дуелот против Велс.
„Мислам дека никогаш не сум зборувал пред толку многу луѓе во една просторија … Мојата цел е двојна: да стигнам до 1.000-тиот гол и да ја освојам Лигата на нации со Португалија. Ова е нова ера и мора да ја пофалиме работата што ја заврши Роберто Мартинез, и покрај сите напади што ги трпеше. Сега го имаме Жорж Жезус, кого сите го познаваат, и уверен сум дека сè ќе биде добро.“

Особено интересно зборуваше за критиките што ги добива во Португалија.
„Не можам да бидам целосно искрен … Морам да бидам политички коректен. Често велам дека отсекогаш сум бил многу убаво прифатен, но ова беше една од годините во кои почувствував најмногу љубов. Разбирам дека постојат одредени медиуми кои сакаат да ме убијат, но можат само со сачмарка, а дури и тогаш би го избегнал куршумот. Навикнат сум некои луѓе да не ме сакаат, но на тоа не можам да влијаам … Тоа што пет-шест луѓе не ме сакаат, не влијае врз мене.“

Роналдо потоа зборуваше и за можноста наскоро да ја заврши кариерата.
„Не знам. Би сакал да го знам одговорот, но не знам. Уште во раните триесетти години научив да живеам во моментот, така што навистина не знам, но сосема е можно ова да ми биде последната година. Ќе ве известам кога ќе го играм последниот натпревар.“

Португалецот не ја крие ниту желбата да стигне до магичната граница од 1.000 голови.
„Знам дека ќе стигнам до тоа, но тоа не е опсесија. Останува само да уживам, но да, навистина сакам да стигнам до таа бројка“, изјави Кристијано Роналдо.









