Маж истури вино врз унгарскиот премиер Петер Маѓар на фестивал

Макфакс

20/09/2026

16:40

328

Големина на фонт

а а а

Унгарскиот премиер Петер Маѓар бил полиен со вино на фестивал во Сексард, додека бил во посета на Деновите на бербата. Инцидентот се случи додека се фотографирал со граѓаните, по што обезбедувањето брзо реагираше и го отстрани вознемиреното лице.

Унгарскиот премиер Петер Маѓар бил полиен со вино за време на Деновите на бербата во градот Сексард, на југот на Унгарија. Снимката од инцидентот ја објави и самиот Маѓар.

Маѓар застанал на прославата на враќање од Печуј, на покана на локалните жители. Додека разговарал и се фотографирал со присутните, маж од неколку метри кон него ја истурил содржината од чашата со вино. Обезбедувањето веднаш реагирало и го отстранило мажот.

Маѓар потоа иронично го коментираше инцидентот на социјалните мрежи, нарекувајќи го човекот „пропаднат војник на Орбан“ и додавајќи дека „штета е за убавото вино“.

Тој се осврна и на неодамнешно гостување на телевизијата HírTV, каде што, според неговите зборови, еден од учесниците зборувал за негово „врзување за ограда“, додека друг претходно изјавил дека сака да го „елиминира со снајпер“. Водителката на емисијата подоцна добила отказ.