Кобна сообраќајна несреќа кај Агино Село: Загинаа две лица, а три се повредени

A1ON.MK

20/09/2026

12:13

1.189

Големина на фонт

а а а

Во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на автопатот Куманово-Скопје, кај Агино Село загинаа две лица, а три се повредени, соопшти денеска СВР Куманово.

Синоќа околу 21:35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во насока кон Скопје, во атар на село Агино Село, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(65) од Скопје и патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(27) од Скопје.

-На местото на настанот починале сопатниците од возилото опел корса В.Н.(49) и Л.М.(71) од Скопје. Л.Н. (48), сопатничка од возилото „опел корса“ се здобила со тешки телесни повреди, а сопатникот Б.Н.(28) и С.Н.(27) од Скопје се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје – соопшти кумановската полиција.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

По наредба на јавен обвинител, возачот на патничкото возило „мерцедес“ М.М. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.