Земјотрес со магнитуда од 6,3 степени регистриран на Алјаска

Макфакс

17/09/2026

17:40

169

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со магнитуда од 6,3 степени беше регистриран на Алјаска во близина на населбата Николски. Засега нема извештаи за материјална штета или предупредување за цунами.

Земјотрес со магнитуда од 6,3 степени е регистриран на Алјаска, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Потресот е регистриран во близина на местото Николски, пренесува Ројтерс.

Според податоците на USGS, земјотресот бил на длабочина од 83 километри.

Засега нема извештаи за причинета материјална штета, ниту е издадено предупредување за цунами.