[ВИДЕО] Затворен германскиот конзулат во Санкт Петербург

Макфакс

17/09/2026

18:00

215

Големина на фонт

а а а

Русија ги затвори германскиот конзулат во Санкт Петербург како одговор на непријателските чекори од Германија. Германските дипломати треба да ја напуштат Русија до 18 септември, додека Берлин претходно ја обвини Москва за инциденти со дронови и воведе нови мерки против Русија.

Генералниот конзулат на Германија во Санкт Петербург е затворен врз основа на одлука на руското Министерство за надворешни работи, како одговор на, како што наведува Москва, непријателските чекори на Берлин.

Од зградата се отстранети германското знаме, знамето на Европската Унија и таблата на конзулатот.

Германските дипломати треба да ја напуштат Русија најдоцна до 18 септември, објави „Спутник“.

Германија претходно официјално ја обвини Русија за инцидентите со дронови во Лајпциг. Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул кон крајот на август соопшти дека рускиот амбасадор во Берлин бил повикан на разговор поради инцидентите, за кои германската влада ја обвини Москва.

Берлин потоа презеде низа мерки, меѓу кои затворање на рускиот конзулат во Бон, раскинување на договорот за работа на Рускиот дом, засилена контрола при влез во земјата за руски државјани и проширување на списокот со санкции.