Општина Бутел: Проектирање на секундарната водоводна мрежа за Љубанци и Љуботен

Макфакс

17/09/2026

12:10

124

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Општина Бутел заедно со одговорните од ЈП „Водовод и канализација-Скопје“ започна увид и проектирање на секундарната водоводна мрежа за селата Љубанци и Љуботен, со цел подобрување на водоснабдувањето и обезбедување на квалитетна инфраструктура за жителите.

Денеска градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со одговорните лица од ЈП „Водовод и канализација-Скопје“ извршија увид во активностите за изградба на систем за водоснабдување во Љубанци и Љуботен и почеток на проектирање на секундарната водоводна мрежа.

„Овој проект ќе биде реалност и градска вода за пиење ќе има секој дом. Изградбата на водоводната мрежа и поврзувањето со градскиот водовод општина Бутел ја реализира во соработка со Владата, министерството за транспорт и Град Скопје.

Подготвувањето на проектната документација за секундарната водоводна мрежа во Љубанци и Љуботен претставува важен чекор кон унапредување на водоснабдувањето и обезбедување современа и функционална инфраструктура. Првата фаза напредува одлично и во рекордно време ќе биде завршен овој капитален проект. Локалната самоуправа продолжува да инвестира во инфраструктура и подобар квалитет на живот за сите граѓани“, соопшти Општината.