[ВИДЕО] Филипче: Ни треба европско правосудство, тоа е единствен зрак надеж за граѓаните да ја вратат довербата

Макфакс

11/09/2026

15:10

55

Големина на фонт

а а а

Венко Филипче изјави дека Македонија има потреба од европско правосудство како единствен начин за враќање на довербата во судскиот систем и потенцира дека отворањето на преговорите со Европската Унија е клучно за зајакнување на системот и справување со корупцијата.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, порача дека во услови кога довербата во судството е исклучително ниска, на Македонија ѝ е потребно европско правосудство како единствен начин за зајакнување на системот и враќање на довербата кај граѓаните.

Филипче за потребата од европско правосудство

„Во ситуација во која довербата во судството е исклучително мала, исклучително ниска, единствен начин на кој што можеме да почнеме да ја враќаме довербата во правосудниот систем, е тоа тука да има европско правосудство. И тоа е концептот на приближувањето кон Европската Унија, на отворањето на кластерите, на преговорите, затоа што тоа значи зајакнување на системот. Тоа значи присуство тука на Европско обвинителство, на судови по европски критериуми, во кои што никој, никогаш нема да биде“, рече Филипче.

Филипче нагласи дека европските интеграции се единствениот пат кој може да донесе промени во правосудниот систем и да им ја врати довербата на граѓаните.

Зрак надеж преку европските интеграции

„Тоа е единствено нешто кое што е зрак надеж за нашите граѓани дека нас може да не биде и да биде тука држава добра. Да зајакне системот и граѓаните да почнат да ја враќаат довербата во правосудството. Не постои ниту еден друг механизам со кој што тоа може да се случи. Тоа сме го виделе во минатото и затоа инсистираме на отворањето на преговорите со Европа“, рече Филипче.

Причини за одбегнување на преговорите

Во одговорот, Филипче посочи дека токму стравот од европските стандарди е една од причините поради кои власта бега од преговорите со Европската Унија, бидејќи европското правосудство значи поголема контрола и одговорност.

„И тоа е една од причините зашто власта бега од преговорите со Европа, зашто не сакаат европско правосудство. Затоа што тогаш нема да може да има вакви криминални договори – пет милиони евра народни пари, за кои што сакаат да ги скријат. Зашто тогаш нема да може да се купува вака криминална струја. Затоа што нема да може вака да се краде на партиски наместени тендери по сите министерства, близу 200 милиони евра до сега во изминатите две години. Партиски фирми, блиски нивни луѓе. Ова е арамиска власт. Овие луѓе се дојдени да крадат пари, ништо друго“, рече Филипче.