Досега пациентот се дијагностицираше на едно, а за закрепнување одеше на друго место, со новиот простор тој пат е скратен, уверува Клековски за обновената Неврофизиологија

Макфакс

11/09/2026

14:30

163

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство го посети обновениот простор на Неврофизиологијата во Универзитетската клиника за неврологија, каде што реновирани амбуланти и нова опрема значително го олеснуваат процесот на дијагностика и третман на пациентите.

Министерот за здравство, Сашо Клековски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ја посети обновената неврофизиологија – простор од над 800 м² при Универзитетската клиника за неврологија.

Целосно се реновирани амбулантите, кабинетите и стационарот, со нова медицинска опрема и систем за климатизација.

„Најважно е она што не се гледа на фотографија. Досега пациентот се дијагностицираше на едно место, а за закрепнување одеше на друго. Со новиот простор за рехабилитација и кабинетот за когнитивен тренинг, тој пат е скратен — за човек со паркинсонова болест, тоа е разликата помеѓу самостоен живот и зависност од туѓа помош” – истакна Клековски.

Клиниката за неврологија, укажуваат надлежните, е комплексна установа која се грижи за широк круг пациенти: од мозочен удар до мултипла склероза, од развојни невролошки нарушувања кај деца до невродегенеративни болести и деменции, па сè до главоболки и болни синдроми.

„Министерството за здравство продолжува да ги поддржува чекор по чекор подобрувањата во условите за сите категории пациенти“.