Њукасл го продолжи договорот со играчот кој беше голема желба на Јунајтед

Дерби

11/09/2026

11:20

134

Големина на фонт

а а а

Њукасл сериозно ја промени екипата во летниот преоден рок, остана без неколку клучни играчи, без тренерот, но засега премиерлигашот добро функционира и бележи резултати со кои тимот покажува дека е во добра кондиција и нема да биде некој „распад систем“ кои го најавуваат дел од експертите и јавноста.

„Страчките“ во финишот на трансфер „прозорецот“ ги одбија нападите на Манчестер Јунајтед за еден од нивните најквалитетни играчи Луис Хол, левиот бек кој е англиски репрезентативец.

Токму Хол денеска ја продолжи соработката до 2031 година што е јасна порака дека тој е иднината на клубот од северот на Англија.

- Апсолутно сум воодушевен. Ова е навистина горд момент. Апсолутно е задоволство да играм за овој клуб и да ги претставувам навивачите. Знам колку им значи тоа. Навивачката база и поддршката што ја добиваме тука, без разлика дали е на „Сент Џејмс Парк“ или на гостински терен, според мене е најдобра во лигата. Да можам да им донесам радост на лицата, тоа е голема работа за мене.

- Очигледно имам семејна врска со клубот, што е неверојатно важно за сите нас. Една од главните причини зошто играм е да го направам моето семејство гордо, и знам колку им значи да ме гледаат како играм за Њукасл Јунајтед. Навистина е добро место за престој. Навистина е задоволувачки како ја започнавме сезоната, особено со доаѓањето на новиот тренер и тренерскиот персонал, и мислам дека можеме да продолжиме да постигнуваме навистина големи работи, - порача дефанзивецот кој има одиграно 107 натпревари со учинок од 3 гола и 9 асистенции.