Екипата на Вардар 1961 загуби од Мелсунген со 33:31 во првиот меч од групната фаза во Лигата на шампоните.
Ова беше соочување во кое тренерот Иван Чупиќ не можеше да смета на сите адути, но тимот одигра добро, беше конкурентен, но му фалеше уште едно нешто за да со позитивен резултат се врати од Германија.
Свој збор имаше и тренерот на Мелсунген, Роберто Гарсија Парондо кој беше задоволен од остварениот резултат.
- Мислам дека тоа беше добар натпревар на двете екипи. Имавме неколку моменти, свои шанси, во кои можевме да израмниме, па и да поведеме. Атмосферата беше одлична и таа придонесе домашниот тим заслужено да победи, -истакна Чупиќ.
- Квалитетен настап на мојот тим против тежок противник. Ова е ЛШ и воопшто не е лесно да се победи. Ќе ни бидат потребни уште многу вакви изданија за пласман во следната фаза, -порача Шпанецот.








