Челси е една од екипите на кои треба да се внимава во оваа сезона кога е во прашање англисиот фудбал, тим кој нема обврски во Европа и комплетниот фокус е ставен на домашните натпреваувања.
„Сините“ сериозно ги освежија своите редови во летниот преоден рок, Чаби Алонсо ги доби најголемиот дел од засилувањата кои ги побара, а едно од нив го импресионираше и Џо Кол.
Се работи за Морган Роџерс, офанзивец за кого Челси издвои огромна сума на пари за да го доведе на „Стемфорд Бриџ“.
- Мислам дека беше сензационален натпревар (против Арсенал).Долго време не сум бил толку возбуден за тим на Челси. Офанзивната тројка е фантастична. Знаев дека Морган Роџерс е врвен играч, но тој е неверојатен. Тој е толку моќен, а енергијата за влез во шеснаесетникот од средниот ред е фантастична.
- Челси немаше многу посед на топката против Арсенал, но изгледа дека можат да ги отворат екипите во секој момент. Сè уште има проблеми во одбраната, но јас сум возбуден. Ако го додадете Каиседо во тој тим, мислам дека Челси ќе извлечеше нешто од мечот.
- Нашата офанзивна тројка е подеднаква добра како се во ПЛ и ова е прв пат по долго време да можам да го кажам тоа, - порача Џо.








