Баерн ја продолжи неверојатната низа на резултати во ЛШ

Дерби

11/09/2026

11:05

149

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен ја потврди фаворитската улога во соочувањето со Бодо Глимт во Лигата на шампионите, победа од 5-0 со пет гола постигнати во вториот дел од страна на Мусиала, Кејн, Дејвис и Олисе (2).

Со ова баварците се на врвот на табелата заедно со Пари Сен Жермен, а во исто време вчерашниот резултат значеше продолжување на една неројатна серија на клубот од Минхен.

Ова беше 39 домашен натпревар во елитното натпреварување (група или лигашка фаза) во кој Баерн не губи или поточно од 2013 година има учинок од 37 победи и 2 нерешени. Последен кој го добил бундеслигашот во оваа фаза бил Манчестер Сити во декември 2013 година (3-2).

Баерн продолжи уште една импресивна низа, 23. пат во низа слави на првиот натпревар во ЛШ.