Арсенал успеа да го победи Челси во натпревар на кој и гостите покажаа дека имаат респектабилен тим и добро се водени од клупата, а дел од клучните моменти допрва ќе бидат коментирани и анализирани од фановите и стручните коментатори.
Она што го привлече вниманието на социјалните мрежи е една изјава на Гери Невил, дадена уште пред почетокот на натпреварот, а со која поранешниот фудбалер прави споредба меѓу стартното офанзивно трио на двете екипи.
– Мислам дека ако можеме да го прашаме Микел Артета дали би го менувал своето офанзивно трио (Сака, Хаверц, Езе) со тоа на Челси (Роџерс, Педро, Палмер), сигурен сум дека би прифатил.
– Нападот не им е најсилна страна, но затоа одбраната и средниот ред им се толку добри. Кога не примаш голови, имаш големи шанси да победиш на секој натпревар. Го видовме тоа и на дуелот со Астон Вила, – рекол Невил.
Арсенал досега има перфектен скор во Премиер лигата, а веќе во среда има тешко гостување кај Наполи во Лигата на шампионите.








