Фиорентина вложи преку 100 милиони евра во летниот преоден рок, но и покрај сериозните инвестиции резултатите изостанаа и управата одлучи да се раздели со тренерот Фабио Гросо.
Под водство на Гросо клубот од Фиренца забележа само еден триумф на официјалните натпревари и тоа Беневенто во Купот, поточно незадоволството беше преголено и Гросо заработи отказ иако на функцијата беше само неколку месеци.
Италијанските медиуми пренесуваат дека калчолигашот веќе и донел одлука кој ќе го замени, а тоа е познато име, човекот кој минатата сезона ја водеше екипата Паоло Ваноли.
Ваноли ги презема „виолетовите“ во тешко време и успеа да ги спаси од испаѓање, но и покрај тоа не му го продолжи договорот, се одлучи за Гросо што се покажа како погрешен потег.
Сега Паоло ќе добие нова шанси со надеж дека ќе ги испорача посакуваните рзултати на „Артемио Франки“.








