Македонската одбојка ќе биде во фокусот во наредниов период, а причината за тоа е настапот на Европското првенство.
Нашите одбојкари ќе бидат дел од собирот на најдобрите селекции на стариот континент, турнир на кој во првата фаза не очекуваат тешки средби со домаќинот Бугарија, актуелниот европски правак Полска, плус Украина, Португалија и Израел.
Одбојкарите денеска отпатуваа за Софија, а беа испратени со традиционалниот обичај на истурање вода за да донесе леснотијата и среќа.








