[ВИДЕО] Обамејанг „доживува втора младост“ во Шпанија: Тој доаѓа од друга планета

Дерби

06/09/2026

14:49

323

Големина на фонт

а а а

Искусниот Пјер-Емерик Обамејанг ја промени клупската средина во летниот преоден рок и Франција и Олимпик Марсеј ги замени со Шпанија и Депортиво А Коруња.

Повратникот во елитната шпанска конкуренција издвои „ситна“ сума на пари за трансферот кој се покажува како полн погодок. Африканецот на четирите досегашни натпревари постигна четири гола и запиша две асистенции.

Вчера беше херој во големото славје над Вилјареал на негов терен (3-2) со гол и две асистенции.

Со ова тој го испиша своето име во историјата на Депортиво и шпанскиот фудбал, Габонецот е прв играч на некогашниот шампион кој во 21 век погодил на првите четири средби во Ла Лига.

Со 37 години и 79 дена, тој воедно е најстариот играч кој има директно учество во гол во секој од своите први четири натпревари за својот нов клуб во шпанската прва лига од почетокот на векот. Го остави зад себе Фернандо Мориентес, кој некогаш имаше огромно влијание во Валенсија.

Поради ова стигнаа и комплименти од фановите и медиумите.

-Оба доаѓа од друга галаксија. Тој е без сомнение најдобриот играч на Депор на почетокот на сезоната во лигата-