Марота го потврди интересот на Барселона за капитенот: Нашиот одговор и оној на Лаутаро…

Дерби

06/09/2026

08:46

279

Големина на фонт

а а а

Барселона се обидуваше да пронајде топ напаѓач во летниот преоден рок, фокусот максимално беше ставен на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, но откако таа стана јасно дека нема ништо од таа опција поради Атлетико Мадрид, каталонците се обиделе да го активираат планот „Б“ кој бил Лаутаро Мартинез.

Од таборот на шпанскиот првак стапиле во контакт со Интер и самиот играч, информации кои веќе се појавија во јавноста, вести кои се точни и кои пред некој ден ги потврди самиот Лаутаро, а сега и претседателот Џузепе Бепе Марота.

Лаутаро ескпресно одговорил како што тоа го направил и Интер.

-Веста за Барселона во врска со Лаутаро е точна, но одговорот беше одлучувачки од нас и од играчот да продолжиме заедно. Лаутаро е капитен на тимот и ја отелотворува сегашноста и иднината на Интер, и се надеваме дека оваа хармонија ќе продолжи на долг рок, -истакнал Марота.