Пол Инс е човек кој промени доста клубови во Англија, а еден за кој настапуваше е Манчестер Јунајтед и тоа во плоден период, период во кој беа освоени доста клубови на домашната и меѓународната сцена.
Некогашниот англиски репрезентативец и денеска со внимание ги следи случувањата околу Јунајтед и Пол имаше што да каже за потезите кои клубот од „Олд Трафорд“ ги повлече во летниот преоден рок.
Тој смета дека „црвените ѓаволи“ премногу се фокусирале на средината на теренот и не може да ги разбере ангажманите на Андреј Сантош и Карлес Балеба.
-Не разбирам зошто Јунајтед би го купил Сантос за 50 милиони фунти и Балеба за 70 милиони фунти кога веќе го имаат Мајну. Чувствував дека можеби има и други области каде што парите можеа да се потрошат. Можеби во бековската зона или напаѓач кој ќе им помогне да се борат за првите два или три места, -порача Инс кој очекува многу повеќе од Коб Мејну.







