Формула 1 викендот во Монца стартуваше со големо изненадување во квалификациите, каде Пјер Гасли ја освои пол-позицијата и барем за момент ги расипа плановите на Мерцедес, но и на останатите ривали.
Французинот имаше најбрз летечки круг во финишот и го остави зад себе Џорџ Расел, a казната за Оскар Пјастри значи дека членовите на Ферари ќе тргнат од вториот ред.
Макс Ферстапен повторно имаше проблеми со перформансите на болидот, па во еден момент му порача на својот инженер дека болидот има помалку моќ од Фиат Пунто, автомобил кој секако се истакнуваше со други квалитети, а не со моќноста.
Verstappen le dijo al equipo que tiene la velocidad de un FIAT PUNTO
— Tino (@TinoCLeclerc) September 5, 2026
JAJDKAKEKSKSKKW pic.twitter.com/PzvIKbz9EE
Од друга страна, разочараниот Тото Волф смета дека Ферстапен направил потег со кој го успорил Расел и на тој начин му ја „украл“ пол позицијата.
– Среќен сум за Алпин и нивниот болид, беа навистина брзи на правците. Ние немавме среќа, Ферстапен одигра паметно, успори премногу, а Антонели беше многу блиску до него. Тука беше и Расел и тоа фактички значеше изгубена пол позиција, – рекол тимскиот шеф на Мерцедес.








