Денешната програма во италијанската Серија А ќе биде затворена со големото дерби, пресметката на великаните Јувентус и Милан.
Соочувањето меѓу „бјанконерите“ и „росонерите“ е закажано за 20:45 часот во Торино, битка за која тешко е да се каже кој е фаворит затоа што двете екипи имаат свои цели, амбиции, ама и слабости кои се обидуваат да ги решат, намалат.
Џанлуиџи Буфон имаше можност да игра доста вакви мечеви низ кариерата и според него блага предност има домаќинот.
-Милан може да го има ентузијазмот на новитетите: нов проект, нов тренер, нови играчи и можат да се возат на бранот на возбуда. Сепак, кога толку многу се менува, потребно е време за да се пронајде вистинската рамнотежа. Јувентус започнува со предност, зајакната од деветмесечна работа под водство на Спалети и трансфер пазарот делумно воден од Лучано. Управата и Спалети се покажаа исклучително добро. Волтемаде ме интригира. Сакам да видам дали, со неговата физичка способност, неговите 198 сантиметри во комбинација со одлична техника, тој ќе биде доминантен како што очекувам, -кој го спореди Германецот си Златан Ибрахимовиќ.
-Има сличности. Волтемаде би можел да биде вистински адут во италијанската лига, со оглед на она што го видовме во последните години, -рече Џиџи и ги издвои играчите кои можат да бидат клучни.
-Би сакал да биде Консеисао и особено Коло Муани: идеално би било да погоди во таков натпревар, -порача Буфон.








