Баерн Минхен не ја оправда улогата на фаворит и освои само бод во соочувањето со Шалке 04 на средбата во Бундеслигата.
Баерн на овој меч не само што не победи, туку и не постигна гол што е навистина големо изненадување затоа што шампионот последен пат останал без лигашки погодок во февруари 2025 година кога ремизирал со Баер Леверкузен.
Мануел Нојер како поранешен играч на Шалке беше „топло“ пречекан од навивачите во Гелзенкирхен, но тој не се лути.
-Ова се комплименти. Ова е љубов, така гледам на тоа. Беше убаво што се вратив. Поминав 20 години тука и научив сè тука. Моето семејство живее тука. Навистина уживав, -истакна капитенот на „баварците“ кој говереше и за самиот меч.
-Имавме 15 минути во кои не бевме во најдобра позиција или со најдобро темпо, но мислам дека го контролиравме натпреварот, а сите статистики го потврдуваат тоа. Не бевме ефикасни и не ги искористивме нашите големи шанси. Лорис (Кариус) ја заслужи наградата за играч на натпреварот, тој одбрани три многу големи шанси, -порача ветеранот.








