[ВИДЕО] Атланта на чудесен начин остана непоразена против Меси и компанија, Гризман и Левандовски во елемент

Дерби

06/09/2026

11:13

227

Големина на фонт

а а а

Атланта двапати се враќаше од негатива, доби два пенали и го издржа завршниот налет на Интер Мајами за да остане непоразена на средбата во МЛС лигата.

Касемиро на асистенција на Меси и Суарез донесоа предност за домаќините од 1-0 и 2-1, но Алмирон во 35 израмни на 1-1, истиот играч во 73 не реализираше пенал, ама гостите во 86 добија нов удар од 11 метри кој Емболо го искористи за 2-2.

Потоа домаќините притиснаа да дојдат до победа, се редеа шанси, Меси имаше обиди и стварно е нереално како Атланта успеа да остане непоразена.

Антоан Гризман со нов гол донесе три бода за Орландо Сити против Сан Диего, Роберт Левандовски пак беше автор на гол и асистенција во лудото реми меѓу Торонто и Чикаго Фајр од 4-4.

Сон исто така даде гол и асистентираше за Лос Анџелес во дуелот со Реал Солт Лејк, а од белата точка Ројс реализираше за ЛА Галакси на мечот со Њу Енгланд Револушн.