Пресот за промоција на Траоре стана вирален поради бизарна причина

Дерби

03/09/2026

13:04

191

Големина на фонт

а а а

Адама Траоре ќе биде нов член на Депортиво Ла Коруња и ќе му се придружи на ветеранот Пјер-Емерик Обамејанг во редовите на повратникот во шпанска Ла Лига.

Траоре собра многу искуство со настапите во Англија и го привлече вниманието на медиумите со својата одлука, но на крајот неговата прес-конференција стана вирална поради невообичаена причина.

Обраќајќи им се на новинарите, Траоре го употребил терминот „во основа“ дури 85 пати за 13 минути, потег со кој заработи многу сеир на своја сметка.

Траоре пристигна од редовите на Вест Хем, со кого ја заврши соработката по само една полусезона и тоа откако лондонскиот клуб испадна во Чемпионшип.