Општина Карпош: Подобрување на условите во предучилишните установи

Макфакс

03/09/2026

09:30

175

Големина на фонт

а а а

Општина Карпош продолжува со иницијативи за подобрување на условите во предучилишните установи преку добивање грантови за проширување на капацитетите и адаптација на простории, со цел подобро воспитание и грижа за децата од предучилишна возраст.

Претставници на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита од Општина Карпош, присуствуваа на средба посветена на актуелниот Јавен повик до македонските општини и општините во градот Скопје, за добивање грант за проширување на капацитетите на установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст. На работниот состанок присуствуваше министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, претставници од министерството, ЗЕЛС, градоначалници и претставници од општините, а беше разговарано за реновирање/адаптација и опремување на неискористени училишни/општински простории и нивно пренаменување во групи во други просторни услови, извести Општина Карпош.

„На состанокот беше ставен акцент на две главни теми и тоа јавниот повик со фокус на руралните средини и втората тема се однесуваше на отворање на младински канцеларии во рамки на општините. Покрај различните теми за кои се дискутираше, стана збор и за недостатокот од соодветен персонал во градинките и давање на согласности за вработување заради соодветна кадровска екипираност на тимовите.

Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со локалната самоуправа, ќе продолжи да работи за унапредување на предучилишното воспитание и создавање подобри услови за децата и нивните семејства“, соопшти Општина Карпош.