Општина Аеродром: Бесплатни униформи за 7.500 ученици

Макфакс

03/09/2026

10:40

134

Големина на фонт

а а а

Општина Аеродром обезбедува бесплатни училишни униформи за 7.500 ученици, со цел да се создадат еднакви услови за сите деца и да се помогне на семејствата во започнувањето на новата учебна година.

Општина Аеродром издвојува 7.500 бесплатни училишни униформи

Општина Аеродром и оваа година обезбеди 7.500 бесплатни училишни униформи за учениците што до 20 септември ќе бидат поделени во сите основни училишта.

„Со ова создаваме еднакви услови за сите деца, а истовремено им помагаме и на семејствата полесно да го започнат новиот учебен период“, велат од Општината.

Градоначалникот и посетата во училиштето

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска ги посети учениците во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ и им ги подели бесплатните училишни униформи во кои има две поло маички, две блузи со долги ракави и дуксер.

„Продолжуваме да вложуваме во нашите деца и да создадаваме посовремена, поубава и еднаква училишна средина за сите“, додаваат од Општина Аеродром.