Милан пронајде клуб за отпишаниот Фофана

Дерби

02/09/2026

12:39

123

Големина на фонт

а а а

Јусуф Фофана беше еден од играчите кој доби одврзани раце од Милан да си бара нов клуб откако тренерот Рубен Аморим одлучи дека не му се потребни неговите услуги.

Интерес за некогашниот фудбалер на Монако имаше од повеќе екипи, но ништи од тие опции не се реализираше и се дојде до последниот ден во кој се изгледаше дека тој ќе заврши во Олимпик Лион.

Меѓутоа на крајот францускиот прволигаш се откажа од опцијата и се дојде до незгодна ситуација во која излез понуди Севилја.

Клубот од Ла Лига го побара Фофана на позајмица до крајот на сезоната, понуда која Милан и самиот фудбалер ја прифати. Инаку Севилја ќе нема можност, ниту обврска да го откупи договорот, поточно ќе покрива само дел од платата.