Леао се збогуваше со навивачите на Милан: Јас сум еден од вас, си заминувам…

Дерби

01/09/2026

13:54

294

Големина на фонт

а а а

Рафаел Леао ја заврши приказната со италијанскиот великан Милан со кого соработуваше од 2019 година.

По седум години тој си заминува од „Сан Сиро“, Милано, но и Италија и се сели во редовите на турскиот првак Галасарај. Португалецот го напушти Милан со скоро 300 одиграни натпревари (291), 80 постигнати гола и 65 асистенции, освоена титула во Серија А и една во Супер Купот.

Леао можеше да понуди и уште повеќе со оглед на квалитетот, но тоа е што е, почнува ново поглавје во животот, меѓуто пред да тргне во тој предизвик им се обрати на навивачите на „росонерите“.

- Здраво навивачи на Милан. Го направив ова видео за да ви се заблагодарам на сите. За мене, ова беше неверојатно патување, прекрасно седумгодишно патување кое некако се чувствува уште подолго, бидејќи од моментот кога пристигнав, веднаш се чувствував како дома, како и моето семејство. Секако, емоциите се тука и секогаш ќе бидат. Но, го напуштам Милан со насмевка, бидејќи можев да играм и да ја покажам најдобрата верзија од себе, со насмевка.

- Затоа, ви благодарам, ви благодарам од дното на моето срце на сите. Ова не е збогум, бидејќи јас сум еден од вас. Секогаш ќе го следам Милан, каде и да сум. Отсега, ќе го поддржувам клубот од далеку. Најубавите моменти секогаш ќе останат тука, секогаш во моето срце. Ви благодарам многу на сите, и секогаш Форца Милан, - порача Леао.