Зад нас е уште еден преоден рок, трансфер пазар на кој одново главни беа англиските клубови, премиерлигашите кои поставија нов рекорд со потрошени над 3 милијарди фунти за засилувања.
Најмногу пари потроши Манчестер Сити и тоа 427 милиони фунти по што следуваа лондонските ривали Челси и Тотенхем кои вложија над 300 милиони фунти.
Дали и колку овие инвестиции ќе се исплатат останува да видиме, а во меѓувреме ова е тимот од најскапите премиерлигашки засилувања по позиција и тоа во формација 4-3-3.









